СРЕЌНО МАТУРАНТИ: Матурантите, денеска ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура

Матурата е многу значаен дел во образовниот процес во многу земји во светот. Државна матура е збир од повеќе екстерни и интерни испити со кои се проверуваат и се вреднуваат знаењата,вештините и способностите на учениците кои ги стекнале во четиригодишно средно образование.
Матурантите, денеска ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој што е изборен, при што пријавените кандидати имаат можност да избираат од вкупно седум предмети:

-Математика,
-Англиски јазик,
-Француски,
-Германски,
-Руски јазик,
-Естетика или Филозофија
Резултатите од постигањата на учениците претставуваат основа за определување на позитивните страни, но, во исто време, и на предизвиците во образовните системи во светот. Добиените сознанија од овие резултати креаторите на образовната политика во нашата земја може да ги користат како патоказ за планирање на стратегии и за преземање на активности во функција на подобрување на квалитетот на образованието.















