15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели го ова:


























“15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ.

15 дена ниту министерот за здравство Илир Демири, ниту власта во заминување на СДС и ДУИ не преземаа ниту еден чекор за решавање на проблемот на Хирургија.

СДС и ДУИ се 7 години на власт и не преземаа ништо за да се санира Хирургија во целост.

Наместо инвестирање во Хирургија СДС и ДУИ 7 години бркаа матни тендери во здравството, провизии од вакцини, трговија со терапија за рак, а пациенти добиваа физиолошки раствор.

7 години здравството пропаѓа. Состојбата на Хирургија е последица на негрижата и криминаллт на СДС и ДУИ. Одговорност мора да има” – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ .




Сподели го ова:

Слични објави