ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО – Оваа сабота Битола повторно ќе пулсира во знакот на белата музичка магија и одличната незаборавна дружба
На 23 август, градот на конзулите на плоштадот Магнолија повторно ќе биде домаќин на извонредната манифестација “Бела ноќ на Битола” која ќе биде во знакот на македонската музика.
Затоа што го сакаме нашето, нешто што ниту еден друг јазик, ниту еден друг звук не може да го замени. На Широк Сокак во бело, одлучивме Битола да ја слави македонската музика.

Од енергијата на младите бендови, до моќта на вокали кои веќе ги знаеш – ова е вечер за да пееш гласно, да се гордееш и да кажеш:
Да, ова е нашата музика. И ние ја сакаме.
Во сабота, 23 август од 21:00ч на Плоштадот Магнолија те чекаат:
DJ Тања
Поп Рок Хор Битвокс
Емоушн Бенд
Никола Зацески
Тамара Стојковска
Бојана Скендеровски & Бенд
Александра Јанева & Бенд
Виктор Апостоловски
Белата ноќ.
Нашата улица! Нашата музика!


















