Секоја чест за овие прилепски ученици! На еден мошне креативен начин, го изработија македонското знаме

Учениците IV/а и IV/б одделение од ООУ Рампо Левката – Прилеп, по повод денот на Независноста на еден мошне креативен начин, го изработија знамето на нашата татковина.
По повод роденденот на нашата татковина 8 – ми Септември, учениците од IV a и IV б одделение со многу љубов и посветеност денеска го изработија македонското знаме како најубав дар.Љубовта кон татковината се поттикнува од најмала возраст.Браво за нив! – се истакнува во објавата на ООУ Рампо Левката – Прилеп.
Секоја чест за овие ученици кои не потсетуваат дека сите ние како македонци, треба да го славиме овој празник со голема жар и желба за продолжување на идејата на сите македонски херои кои низ историјата дале свој придонес за ова што го имаме денес!