Крајот на учебната година, прилепските ученици денес ќе го прослават со вкусни палачинки
Денеска е 10 јуни, последниот училишен ден за оваа учебна година. По тој повод, крајот на учебната година, прилепските ученици денес ќе го прослават со вкусни палачинки.
Ве покануваме на традиционалната „Палачинкијада“, што ќе се одржи по повод крајот на уште една успешна школска година!![]()
Датум: 10.6.2025 (вторник)
Време: 19:00 часот
Неодоливи палачинки, добра забава со DJ Oldschool Selector и секако прогласување на првенците на генерации од прилепските училишта!
Дојдете со другарите, со празен стомак и добро расположение!
Ајде да ја завршиме учебната година на највкусен и најзабавен начин! ![]()
Ве очекуваме!


















