Прилепчанката Ели по четврт пат ќе настапи на“Весели Ѕвончиња by JANA”-2022

Сподели го ова:


























Нема опис за фотографијата.

Елеонора Стојчевска од Прилеп по четврт пат ќе настапи на “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп-2022. Елеонора-Ели, веќе е позната на детската и тинејџерската музичка сцена преку своите големи хитови кои последните три години ги испеа на моментално најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Оваа млада прилепчанка веќе по четвр пат им ја довери довербата на Гоце Илиески Балада и Јана Илиеска да и направат екстра тинејџерска песна која што самата Ели ќе ја изведе на најновото спектакуларно фестивалско издание оваа година на Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” во тинејџерскиот музички блок кој ќе се одржи во мај 2022 година. Екстра аранжман за оваа песна веќе направи маестро Рубин Димкоски, а како се вика оваа екстра тинејџерска песна-ќе дознаете на фестивалското издание во Прилеп во месец мај. Ели на најновиот фестивал во 2022 година ќе настапи веднаш после песните од детскиот блок, и самата таа ќе биде во музичкиот блок на фестивалот наменет за тинејџерите до 9-то одделение. Инаку колку за потсетување, минатата година овој фестивал на своето трето фестивалско издание беше прогласен за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД, бидејќи секоја година благодарение на овој фестивал публиката има можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал покрај за најмладите, остава простор и за тинејџерите. Како резултат на светскиот квалитет на песните, од неделата Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!! 

Нема опис за фотографијата.



Сподели го ова:

Слични објави