Сите на мартовско скијање во Крушево и уживање во “ALTO Lounge Bar”

Информативниот тим на “STANICA.MK” беше во Крушево, во магичното снежно Крушево каде што очигледно е дека мартовскиот снег сеуште создава вистински-идеални услови за скијање. Штом стигнавме во Крушево, се качивме на жичарата која е во склоп на Хотелот Панорама.
Возејќи се со жичарата имавме навистина прекрасна глетка кон зимскиот снежен пејзаж во кој што единствено може да уживате само во убавото снежно Крушево. Веднаш штом стигнавме горе на Станич, снежната белина блескаше и се отсликуваше како вистинска снежна магична слика благодарение на зимското мартовско сонце кое како нежен сјај се отсликуваше во снегот. Нашата информативна екипа се упати надолу по патеката низ која голем број на скијачи и деца со санки уживаа во снежната магија горе на Станич. Слегувајќи надолу, се упативме до “ALTO Lounge Bar” кој што е сместен во срцето на Станич, и истиот бар претставува современ Lounge Bar изграден во ултра модерен стил кој што нуди удобност на гостите кои уживаат во зимската магија. Токму во овој Lounge Bar на Станич, голем број на туристи уживаа во удобностите и предностите кои ги има овој “Lounge Bar, како што се различни видови на кафе, повеќе видови на брза храна, вкусни италијански пици, и се разбира она што не може да се замисли Крушево, а тоа е традиционалниот надалеку познат “крушевски колбас”. И млади и стари, уживаа во зимската магија во “ALTO Lounge Bar”… Некои пиеа кафе, некои чај, а некои изгладени од убавото скијање веќе ручаа од вкусната храна на “ALTO Lounge Bar”. Сите патишта оваа недела водат кон убавото снежно Крушево, односно кон Станич каде што е лоциран “ALTO Lounge Bar”.