Бугарскиот премиер Петков: “Вистината е дека ние загубивме 30 години во овие односи”
Во отворен конфликт влезе бугарскиот државен врв за односите на Бугарија со нашата земја, при што веднаш по коментарите на Претседателот Радев за ОМО Илинден- Пирин и посетата на бугарскиот премиер Петков на нашата земја, тој ја оцени за избрзана. Меѓутоа, во однос на ова прашање, Петков е со спротивен одговор, а воедно упати и порака до Радев во однос на процесот на водење на надворешната политика.
“Вистината е дека ние загубивме 30 години во овие односи. Не само што не е избрзана посетата туку беше ужасно задоцнета. Не од мене Кирил Петков како премиер-тоа беше задоцнето од бугарската држава да има активна позиција и да има конструктивен тон на дејствување, да има јасни цели и точен пристап”-истакна бугарскиот премиер Петков.

















