Потпаролот Петкоски: Четири години СДСМ, Прилеп од европски град го претвори во град на мафијата, корупцијата, рекетот и беззаконието

Сподели го ова:























По повод неоснованите обвинувања кои викендов ги изнесе пратеникот Миле Талески од СДСМ, денеска прес конференцијата одржа потпаролот на локалната самоуправа на општина Прилеп-Влатко Петкоски. Неговата изјава, Ви ја пренесуваме во целост: „Почитувани сограѓани, конечно се охрабрија од општинската организација на СДСМ Прилеп да се појават пред очите на прилепчани после катастрофалниот пораз на локалните избори во октомври, избори во кои народот им нанесе болен пораз од 7541 гласови разлика. Пораз кој што претставуваше фактура од прилепчани за сите лажни ветувања во изминатите четири години власт на СДСМ, а воедно значеше и максимална доверба во новиот татко на градот, Д-р Борче Јовчески. Наместо да излегуваат од СДСМ со смешни пресконференции на чело со пратеникот кој впрочем неговите сопартијци го бараа со месеци да излезе во јавност после катастрофалниот пораз, пратеникот кој според нив самите е главниот виновник за изборниот дебакл, нека им се извинат на граѓаните за залудно потрошените 4 години од мандатот во неработење. Четири години во кои СДСМ, Прилеп од европски град, го претвори во град на мафијата, корупцијата, рекетот и беззаконието. Нивната неспособност оди до таму што не можеа ни да го одржуваат она што го наследија, а не пак да направат и изградат нешто свое освен, сомнителната милионска набавка на 4 автобуси, кои по една недела почнаа да се расипуваат, милионскиот фамозен мост од цели 20 метри во населбата Сточен Пазар и прескапо платениот булевар со кој упорно се фалат, а треба да се срамат и кој што претрпе реконструктивни зафати веднаш после првиот пообилен дожд. Не успеаа да ги одржат ниту зелените површини во градот, ги испустија сите фонтани во градското централно подрачје, а на секој чекор никнуваа нови диви депонии кои ја загадуваа животната средина. За нивниот непотизам и за вдомувањето на сите нивни партиски војници прилепчани се доволно свесни и информирани. Впрочем освен вработувања за нивните најблиски ништо друго не сработија.Тоа што можеме да набројуваме уште многу од нивното катастрофално владеење доволно зборува за фактот со какви луѓе си имаме работа.Сакаме да ја искористиме оваа прилика јавно да прашаме во кое својство денес на пуштањето на реконструираната зграда на гимназијата беа присутни буквално сите од општинската организација на СДСМ како да е некој партиски настан, а градоначалникот беше поканет како гостин на настан на кој што веруваме дека требаше поинаку да се организира затоа што тоа е училиште кое што е под локална самоуправа и во случајов одговорен и надлежен е Градоначалникот во Прилеп”-истакна Петкоски.



Сподели го ова:

Слични објави