Толку од летниот распуст! Овој вторник започнува новата учебна година
Овој вторник на 01.09.2026 година ќе започне новата учебна година. За учениците, нема подобра алтернатива од настава во училница, бидејќи само така ќе стекнат повеќе и поквалитетни знаења, а интеракцијата со врсниците и со наставниците е од големо значење за нивната социјализација и правилен психофизички раст и развој.
Во сите училишта низ нашата земја се создадени сите неопходни услови за успешен почеток и тек на наставата.
Учебната година ќе започне со надеж за остварување на високи образовни резултати како од страна на наставниците, така и од страна на учениците, а целта е исто така да се обезбеди квалитетна настава за учениците.


















