На кој начин правилната исхрана влијае врз здравјето на човекот

Сподели го ова:
























opstina

Кога зборуваме за здравјето на човекот основно правило е дека превенцијата е подобра од било каков лек. За да може човечкиот организам правилно да функционира потребно е да добие соодветен внес на правилна исхрана, потребно е да се воведат здрави животни навики, редовна физичка активност, доволно одмор и квалитетен сон.

Правилната исхрана вклучува редовно конзумирање на вода, свежо овошје и свеж зеленчук, како и свежо цедени сокови. Храната секогаш потребно е да биде разновидна и во својот состав да ги содржи витамините кои се неопходни за човечкиот организам. Корисно е во текот на денот да консумираме и одредени додатоци кои имаат позитивно влијание врз имунолошкиот систем на човекот и тоа: прополис, маџун, ѓумбир, топли чаеви од: камилица,  нане, брусница, хибискус, шипки, мајчина душица и др.

Севкупната здравствена состојба на човечкиот организам може значително да биде подобрена доколку во секојдневните животни навики внесеме физичка активност, спортување или пак вежбање.

За добро здравје неопходно е добар, квалитетен сон и одмор, за да може нашето тело правилно да се опушти и соодветно да фунционира во текот на целиот ден. И најважното…одбегнувајте стресни ситуации колку што можете повеќе, немате корист од напнатост….туку само од позитивни мисли!!!




Сподели го ова:

Слични објави