Викендов ни носи пеколно жешко време и високи температури над 40 степени
Денеска ќе имаме сончево и многу топло време проследено со мала до умерена облачност, и температури над 40 степени.
Во текот на утрешниот неделен ден, повторно не очекува сонце и високи летни температури до 39 степени, при што утре локално, во некои делови од земјата не се исклучува можноста за појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер.


















