ЈП “Стрежево” – Битола со известување до граѓаните

Сподели го ова:





























Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Пелагонискиот регион на повеќе локации избувнаа пожари. За нивно навремено локализирање и гаснење потребна е брза и ефикасна противпожарна интервенција.

Поради наведеното, се апелира до сите корисници на пловни средства во рекреативната зона претпазливо да ги користат чамците и другите пловни средства, со цел да се обезбеди непречено и безбедно користење на акумулацијата Стрежево од страна на воздухопловите ангажирани во гаснењето на пожарите.

Апелираме до граѓаните да ги следат натамошните известувања во интерес на општата безбедност и заштитата на животот, имотот и природата – информираат од ЈП Стрежево – Битола.




Сподели го ова:

Слични објави