Градоначалникот Проданоски соопшти убава музичка вест: Прилеп на 19 август ќе биде домаќин на големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Република Македонија

Сподели го ова:





























На 19 август, Прилеп ќе биде домаќин на големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Република Македонија.

На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ ќе се соберат повеќе од 100 македонски уметници, со музика што ги обединува генерациите, песни што се дел од нашето паметење и гласови што ја раскажуваат приказната за нашата Македонија!

Ова ќе биде вечер заедно да го почувствуваме она што нè поврзува, љубовта кон татковината, македонската песна, културата, традицијата и гордоста што ја носиме во себе.

Ве поканувам сите, млади и возрасни, прилепчани и гости од цела Македонија, да бидеме заедно на плоштадот и достоинствено да одбележиме 35 години независна Македонија.

19 август – 20:30 часот

Плоштад „Методија Андонов – Ченто“

❤️ Прилеп е подготвен. Македонија во срцето! – истакна градоначалникот Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави