Денеска во Прилеп се исчистија три диви депонии во населбата Тризла
Денеска се исчистија три диви депонии во населбата Тризла. Поголеми количина на отпад граѓаните исфрлаат на две локации на ул,,Тризла”, и како по навика редовно се исфрла отпад по Дабнички канал, од мостот кај касарните. Оваа локација иако редовно се чисти барем еднаш во месецот, но навиките за исфрлање на отпад кај одредени несовесни граѓани никако да престанат.
За утре е планирано да се чисти поголема дива депонија кај сушалните или старото место за пазар.


















