Вечерва на Камената бина во Прилеп, прилепскиот панк-рок и поп-панк бенд Side Quest
„Од 0 до КултурА“ продолжува и вечерва со уште една одлична музичка приказна! Ве покануваме вечерва, со почеток во 21:00 часот, на Камената бина, заедно да уживаме во настапот на прилепскиот панк-рок и поп-панк бенд Side Quest. Млади музичари кои со својата енергија, талент и авторски пристап успешно го градат своето место на македонската алтернативна музичка сцена.
“Во рамките на нивниот настап, публиката ќе има можност да проследи музичко патување низ историјата на панк-рокот, од неговите почетоци до современите влијанија, а истовремено да ги поддржи младите прилепски музичари кои се најдобар доказ дека нашиот град има квалитетна и креативна музичка сцена.
Проектот „Од 0 до КултурА“ е создаден токму со таа цел, секој четврток да им овозможи простор на локалните бендови и изведувачи да се претстават пред прилепската публика, а на граѓаните да им понудиме содржини што ја збогатуваат културната понуда на нашиот град.
Ве очекувам вечерва на Камената бина. Да ги поддржиме нашите локални музичари и заедно да уживаме во уште една прекрасна летна вечер исполнета со добра музика и позитивна атмосфера” – истакна Проданоски.


















