Прилеп се подготвува за „Пиво фестивал 2026“!
На 17, 18 и 19 јули, Прилеп повторно ќе биде домаќин на најголемиот забавен фестивал во Македонија – „Пиво фестивал 2026“. Подготовките за најголемата летна манифестација во Македонија влегуваат во својата завршна фаза.
Во Општина Прилеп се одржа координативна средба со претставниците на сите релевантни институции вклучени во организацијата и реализацијата на „Пиво фестивал 2026“, со цел секој сегмент од фестивалот да биде навремено и квалитетно подготвен.
Прилеп е максимално подготвен да ги пречека и угости сите посетители, обезбедувајќи безбедна, организирана и пријатна фестивалска атмосфера.
Интензивно се работи и на уредувањето на градот. Екипите на ЈКП „Комуналец“ секојдневно го разубавуваат и одржуваат централното градско подрачје, плоштадот „Александрија“, парковите и јавните зелени површини, за Прилеп да ги пречека своите гости во најубаво издание.
Ве покануваме да бидете дел од трите фестивалски вечери исполнети со добра музика, одлична атмосфера и незаборавни моменти.
Градот е подготвен, а ние ве очекуваме заедно да создадеме уште едно незаборавно издание на „Пиво фестивал 2026“.


















