НЕОФИЦИЈАЛНО: Млада прилепчанка е пронајдена почината во стан во Грција – објави грчки медиум
Грчки медиум објави дека 23 годишна студентка од Прилеп е пронајдена почината во стан во Неаполи – Солун. Имено, родителите на девојчето подолго време не можеле да воспостават контакт со неа, па замолиле близок роднина да појде во станот каде престојувала, при што токму во станот девојката била пронајдена без знаци на живот.
Веднаш биле контактирани надлежните служби во Грција и истите излегле на терен. Моментално, се работи на утврдување на точните причини под кои настапила смртта.


















