Главни ѕвезди во Прилеп на годинешниот “Пиво Фестивал” ќе бидат Јелена Розга, Милица Павловиќ и Џенан Лончаревиќ

Сподели го ова:





























Од 17 до 19 јули, Прилеп повторно ќе биде домаќин на една од најголемите и најпознатите културно-забавни манифестации во Македонија, 23-тото издание на традиционалниот Пиво Фестивал!

“Со наша поддршка како Општина Прилеп, во организација на здружението „Вајб Евентс“, и оваа година ќе имаме три незаборавни фестивалски вечери во Прилеп, исполнети со врвна музичка програма, вкусна прилепска скара, богата понуда на пиво и одлична атмосфера во срцето на градот.

Заедно со нашите јавните претпријатија и сите надлежни служби и институции, максимално се подготвуваме Прилеп да биде одличен домаќин на илјадниците гости од цела Македонија и пошироко.

Се гледаме од 17 – 19 ЈУЛИ на Пиво Фестивал 2026 – во Прилеп!” – истакна градоначалникот Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави