Побрзајте! За само еден ден во Прилеп се продадени 60% од билетите за вечерната фестивалска претстава од Веселите Ѕвончиња
Да! Токму така. За само еден ден во Прилеп се продадени 60% од билетите за вечерната фестивалска претстава од Веселите Ѕвончиња, па затоа побрзајте и набавете си билети во КАФЕТЕРИЈА во цветната улица во Прилеп, бидејќи за брзо ќе ги снема. На 21 април 2026 година во НУЦК Марко Цепенков, цел Прилеп ќе ужива во најновото премиерно 8-мо фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД! Фестивалските претстави започнуваат во 10h, 11h, 12:10h, а вечерта е гооолемото фестивалско финале кое започнува во 19:30 часот.

Организаторите и поддржувачите на фестивалот оваа година подготвија подароци за секое едно дете (посетител): “Limonada”, подарок од Витаминка, како и шишенце “Ladna voda”. Билетите за фестивалот ќе бидат пуштени во продажба утре (четврток, 16.04.2026) во 10 часот во Кафетерија/ Кафе ИН во цветната улица во Прилеп. Билетите за вечерната финалната фестивалска претстава за од 19;30h изнесуваат 250 денари, а цената за денските фестивалски претстави од 10, 11 и 12 часот изнесува само 150 денари.
И оваа година, исто како и минатите години ќе има прекрасна фестивалска глетка на ЕДИНСТВЕНИОТ ПРИЛЕПСКИ ФЕСТИВАЛ, кој што ќе го посети младата прилепска публика, а заради популарноста на Веселите Ѕвончиња, фестивалот организирано ќе го посетат и повеќе училишта од Пелагонискиот регион.
Цел град на фестивал – се гледаме на весела детска музичка дружба на која се создаваат незаборавни детски спомени.


















