Денеска започнува запишувањето на пoлуматурантите во средните училишта низ цела држава

Сподели го ова:





























Министерството за образование и наука потсетува дека денеска започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk. 

Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 и 17 јуни. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, училиштата треба да ја објават на 18 јуни.

Второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 23 јуни, додека доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни. Третото пријавување е на 20 август. 

Конкурсот со слободните места и јавните средни училишта учениците можат да го најдат на следниот линк: https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/konkurs-za-zapisuvanje-ucenici-vo-javnite-sredni-ucilista-za-ucebnata-20262027-godina-vo-republika-severna-makedonija.

За учениците од голема помош при изборот, може да биде онлајн водичот за квалификации – https://kvalifikacii.crso.gov.mk/, кој ќе им овозможи да донесат информирана и правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат и понатаму да работат – информираат од Министерството за образование и наука.




Сподели го ова:

Слични објави