Нa Пелистер се поставени нови 72 знаци на новата кружна шеснаесет километарска патека
Нови 72 знаци на новата кружна шеснаесет километарска патека која го поврзува Инфоцентарот на НП Пелистер со Цапарски вир и Ротинско езеро. Направена е и финална подготовка на подлогата во пресрет на големата промоција за 13.06.2026(сабота).
Со новата сигнализација патеката е лесно достапна и за помалку искусните посетители на НП Пелистер. Уживајте во прекрасната и недопрена природа на Пелистер и не заборавајте дека за заштита и зачувување на ова наше богатство, одговорни сме сите ние.


















