ЅВЕЗДЕНО НЕБО ЗА “СОЛЗА И СМЕА” ВО ОХРИД: Синоќа во Охрид, публиката уживаше во новата претстава од урнебесните “Солза и смеа”
Синоќа во големата сала во охридскиот Центар за култура, урнебесните актерии од Солза и смеа прославија 30 години со нивната најнова комедија на која охриѓани се смееа на секои 5 секунди!
Имено, “Солза и смеа” синоќа пристигнаа во Охрид во големата сала во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид каде ПРЕМИЕРНО пред Охриѓани ја прикажаат нивната најнова претстава “Леле што ќе ти напрам“, сала која исто како и минатите години, беше претесна за да ги собере сите охриѓани кои уживаа во смеата на овие добро познати комични ликови. Овој пат оваа урнебесна театарска екипа не настапи со стендап шоу како што беше минатите години, туку сега пред публикаат прикажаа ЦЕЛА театарска претстава -КОМЕДИЈА, во која учествуваат 4 добро познати ликови од урнебесните Солза и смеа.

Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови.


















