Демирхисарскиот градоначалник Никола Најдовски упати честитка до граѓаните по повод денешниот празник-денот на сесловенските просветители и учители св. Кирил и Методиј

По повод денешниот празник-денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј, честитка до своите сограѓани упати и демирхисарскиот градоначалник Никола Најдовски, човекот кој што веќе половина година на општина Демир Хисар и дава една поинаква, современа-урбана димензија. Неговата честитка до неговите сограѓани, целосно Ви ја пренесуваме во прилог на оваа објава:
“Честит 24ти Мај, Денот на македонските просветители Св.Кирил и Методиј! Глаголицата што ја создадоа овие големи македонски браќа е основа на денешниот македонски пишан збор, а воедно исто така самата таа претставува и широко отворен прозорец за негово презентирање во светот.
Солунските браќа им подарија светлина на словенските народи, а воедно им ги отворија тајните на книгите, преку кои на луѓето им помогнаа да го запишат и сочуваат културното наследство за идните генерации.За многу години!”-исткна Најдовски


















