ВО БИТОЛА ВО „БУКОВСКИ ЛИВАДИ“ СЕ РАБОТИ НА ОБЈЕКТОТ КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВА УЧИЛИШНА ЗГРАДА
Во тек се градежните активности со кои се реконструира објектот во населбата „Буковски ливади“, а кој ќе биде подрачно училиште на ООУ „Коле Канински“.
Во моментот се работи на зајакнување на подни плочи и кровна конструкција.
Според проектот предвидени се пет училници, влезен хол со пропратни содржини, рампа за лица со попреченост, санитарни јазли, помошни простории, заеднички простории за социјализација и мала библиотека.
Градежните активности на објектот започнаа со склучувањето на договорот со изведувачот и надзорот, а вкупната површина на објектот кој ќе биде нова училишна зграда е 500 м2.
Ова е еден од проектите кој го најави градоначалникот Тони Коњановски, а активностите започнаа есента 2024 година со подготвувањето на проектната документација.


















