Реки од народ на првата “Црешијада” во убавата Вељуса! Михаилов уште еднаш си достои на зборот – го обедини Македонскиот народ и Македонската традиција во едно!

Сподели го ова:





























Во дворот на ООУ „Гоце Делчев“ во убавата Вељуса, вчера за првпат се одржа манифестацијата „Црешијада“, настан кој ја слави традицијата, вкусот и препознатливиот квалитет на вељушките цреши. Посетителите меѓу кои беа и членови на Советот на општина Струмица, уживаа во богатата културна програма и разновидните специјалитети од ,,вељушките цреши” подготвени од локалните производители.

Вчера имаше реки од народ на првата “Црешијада” во убавата Вељуса! Кире Михаилов уште еднаш си достои на зборот – го обедини македонскиот народ во едно, при што создаде прекрасна манифестација каде македонските граѓани освен што уживаа во неодоливите струмички цреши, се сплотија и во едно големо македонско оро, кое вчера беше составен дел од оваа преубава македонска манифестација, која со сигурност ќе прерасне во традиција.

Драг мој МАКЕДОНСКИ народе од цела МАКЕДОНИЈА, од дното на мојата душа и од име на целата организација, ти благодариме! Овогодинешната ЦРЕШИЈАДА покажа дека ова ќе стане настан за почит! – истакна Кире Михаилов.




Сподели го ова:

Слични објави