Коњановски со честитка до муслиманските верници: Курбан Бајрам е празникот на солидарноста, благосостојбата, помирувањето и дарувањето
Битолскиот градоначалник Тони Коњановски, упати честитка до муслиманските верници во која се вели:
“Драги пријатели, познаници и сограѓани од исламска вероисповед,
Од мое лично име и во име на Општина Битола Ви го честитам големиот верски празник Курбан Бајрам, празникот на солидарноста, благосостојбата, помирувањето и дарувањето.
Ви посакувам искрени желби за добро здравје, среќа и благосостојба.
Меѓусебното почитување, разбирање и соживот, нека ни донесат многу заеднички и среќни мигови, соработка и напредок за нас и нашата општина” – порача Коњановски.


















