Степановски: Тоа што го ветивме, го реализиравме – набавени се две возила, едното за собирање комунален отпад, а другото за селекција на отпад

Сподели го ова:





























Денеска битолскиот градоначалник Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски беа во посета на ЈП „Комуналец“ Битола каде со две нови комунални возила е збогатен возниот парк на ова јавно претпријатие, за како што вели директорот Горан Степановски она што го ветија пред јавноста го реализираат.

Набавени се две возила, едното за собирање комунален отпад, а другото за селекција на отпад. Капацитетот е од 8 м3 и на двете возила.

На денешната средба, Степановски кажа дека и во текот на 2026 година дополнително ќе се обновува возниот парк.

Јавното претпријатие и во периодот пред нас, ќе работи на обезбедување и на друга механизација, со цел поефикасно извршување на својата дејност, а во интерес на граѓаните и градот во целина.




Сподели го ова:

Слични објави