ОВА ТРЕБАШЕ ДА СЕ НАПРАВИ УШТЕ ПРЕД 5 МЕСЕЦИ: Од утре се замрзнуваат цените на млечните производи и тестенините
Според министерот Бектеши, цените на тестенините ќе поевтинат за најмалку 10 % додека за млечните производи ќе се причека бидејќи некои од производителите веќе започнале самите да ги намалуваат цените на млечните производи.
Најверојатно, утре изутрина ќе има одлука за тестенините и млечните производи, со премиерот веројатно ќе одржиме брифинг со новинарите. Граѓаните да бидат спокојни цените ќе бидат намалени не само на овие производи, ние во континуитет ќе продолжиме со сите производи каде анализите ќе покажат дека има поголеми профити или маржи од она што е редовно, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по владиниот настан за грантот од ЕУ вреден 80 милиони евра – истакна Бектеши.
