Проданоски: Нека песната, орото и звукот на народните инструменти уште долго одекнуваат низ Прилеп, Долнени и цела Македонија
Синоќа во Прилеп започна 52. издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ — еден од најзначајните чувари на македонската традиција, изворна песна и народен мелос.
Повеќе од пет децении овој фестивал претставува симбол на нашето културно наследство, место каде што живее духот на македонската песна, орото, народната носија и автентичниот звук на народните инструменти.
Особено радува што сè повеќе млади луѓе ја продолжуваат оваа традиција, покажувајќи дека љубовта кон македонскиот фолклор има своја иднина.
“Општина Прилеп и понатаму со гордост ќе го поддржува фестивалот, препознавајќи ја неговата огромна улога во зачувувањето и афирмацијата на македонската култура и традиција.
Искрена благодарност до организаторите, учесниците и сите љубители на изворната музика кои со својата посветеност му даваат душа на фестивалот.
Нека песната, орото и звукот на народните инструменти уште долго одекнуваат низ Прилеп, Долнени и цела Македонија” – истакна Проданоски.


















