Утре во организација на НУЦК „Марко Цепенков“, ретка можност за доживување на барокниот звучен свет – чембало и глас во живо – во историски информирана изведба.
На 7 мај, во организација на НУЦК „Марко Цепенков“, ретка можност за доживување на барокниот звучен свет – чембало и глас во живо – во историски информирана изведба.
За првпат во Центарот за култура и во Прилеп ќе се одржи концерт на клавичембало – еден од најзначајните инструменти на барокната епоха, кој ја обликувал музичката мисла и изведувачката практика на 17 и 18 век, а е исклучително редок инструмент во Македонија, со само два функционални примероци во земјата според достапните податоци. Концертот, под наслов „Музиката на европските дворови на XVII век“ ќе го изведат: Јована Топалов (Србија), меѓународно образована чембалистка од Белград со силна насоченост кон историски информираната изведба, и сопранот Ана Митоска (Македонија), која значаен дел од својот уметнички репертоар го посветува на раната музика.

***Концертната програма нè води низ европските дворови на XVII век – од Англија, преку Австрија и Франција до Шпанија. Ќе бидат изведени дела од Д. Скарлати, Ј.Ј. Фробергер, Е. Жаке де ла Гер и Х. Персел, вклучувајќи ги вокалните минијатури “Music for a While” и “What Power Art Thou” и драмската кантата „Сузана”.
****Концертот го истражува богатството на барокниот музички израз и звучниот свет на европските дворови, а е тематско продолжение на минатогодишните Dulcia Sonant концерти.
***Звукот на чембалото, за разлика од неговиот наследник пијаното, се создава преку механизам на перца кои со тргање на жиците произведуваат јасен, светкав тон карактеристичен за барокниот музички израз.
*** Концертот е редок културен настан за македонската музичка сцена во целина – и можност за доживување на барокниот звучен свет – чембало и глас – во живо, во историски информирана изведба. Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Македониja.
Јована Топалов
Јована Топалов е чембалистка од Србија, специјализирана за рана музика и историски информирана изведба. Образованието го стекнува во Белград и на Универзитетот во Илиноис (САД), а докторира на ФМУ во Белград со проект посветен на интерпретацијата и музичката реторика во делата на Фробергер.
Настапува како солист и basso continuo соработник со значајни ансамбли и оркестри, и е член на ансамблот „Белградски барок“. Активно се занимава и со педагошка дејност како професор по чембало и камерна музика во Белград.
*************
Јована Топалов
Јована Топалов е чембалистка од Србија, специјализирана за рана музика и историски информирана изведба. Образованието го стекнува во Белград и на Универзитетот во Илиноис (САД), а докторира на ФМУ во Белград со проект посветен на интерпретацијата и музичката реторика во делата на Фробергер.
Настапува како солист и basso continuo соработник со значајни ансамбли и оркестри, и е член на ансамблот „Белградски барок“. Активно се занимава и со педагошка дејност како професор по чембало и камерна музика во Белград.
****************
Ана Митоска е сопран од Македонија со разновиден репертоар кој опфаќа музика од средниот век до современи дела, како и проекти за театар и филм. Дипломира соло пеење на ФМУ во Скопје.
Активно настапува на концерти и фестивали, соработувајќи со домашни и меѓународни уметници, а се усовршувала кај реномирани имиња од областа на раната музика. Таа е основач и уметнички автор на фестивалот за рана музика Dulcia Sonant, како и на повеќе концертни и мултимедијални проекти.


















