Во кино „Манаки“ на КИЦ Битола започна јубилејното петто издание Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“

Сподели го ова:





























Во кино „Манаки“ на КИЦ Битола почна јубилејното петто издание Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“ кое годинава на филмофилите ќе им понуди 42 документарни филмови.

“Создадовме програма која е богата и продуктивна во своето истражување на темите што ги обработуваме. Со голема чувствителност овие филмови на некој начин го креваат превезот врз еколошките, социјалните, културните и човечките превирања, што ги зафаќаат современите општества низ целиот свет. Ова е нивната вистинска сила бидејќи документарецот е непроценлив по тоа што е хибридно дело, точка на контакт меѓу уметноста и истражувањето, меѓу креативниот израз и научното истражување. Несомнено, желбата за пренесување на знаења и вредности се амбиции кои се совпаѓаат со оние на „Илинденски денови“, истакна Тони Гламчевски, селектор на фестивалот.

На свечениот почеток на фестивалот, директорот на НУ Центар култура-Битола, Сашо Илковски нагласи дека Етнографскиот филмски фестивал е значаен дел од „Илинденски денови“ затоа што ја надополнува мисијата на фестивалот да го истражува, да го документира и афирмира нематеријалното културно наследство и преку филмската уметност да создава нови точки на поврзување меѓу различните култури и луѓето.

Сакам да искажам голема благодарност до Агенцијата за филм на Република Македонија што го поддржа фестивалот, до Министерството за култура и туризам на Република Македонија, до Општина Битола, благодарност до КИЦ Битола и БитФест и до сите пријатели на фестивалот” – информираат од КИЦ Битола.

Фотографии: Сашо Ставрев




Сподели го ова:

Слични објави