Стевановски: Овие инвестиции претставуваат значаен чекор кон подобрување на инфраструктурните услови и создавање подобра бизнис-клима во Индустриската зона Новаци

Сподели го ова:





























Денеска градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, беше домаќин на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој изврши увид во реализацијата и планираните инфраструктурни проекти во нашата општина.

Во рамки на првиот повик за финансиска поддршка од Владата, обезбедени се 7.134.000 денари за проектот „Изградба на улица во Индустриска зона во с. Новаци – Крак 3“, со вкупна вредност од 19.504.894 денари. Дополнително, преку вториот владин повик се обезбедени 21.500.000 денари за реализација на проектот „Изградба на водовод, атмосферска и фекална канализација на новопланирани улици во Индустриска зона Новаци“, чија вкупна вредност изнесува 32.983.627 денари со ДДВ. Овие инвестиции претставуваат значаен чекор кон подобрување на инфраструктурните услови и создавање подобра бизнис-клима во Индустриската зона Новаци, што ќе придонесе за нови инвестиции, економски развој и отворање нови работни места. Продолжуваме посветено да работиме за развој на Општина Новаци и подобри услови за сите наши граѓани – истакна градоначалникот Стевановски.




Сподели го ова:

Слични објави