Голема трагедија во Прилеп! Засега едно лице е загинато! Сообраќајка помеѓу автобус и мотоцикл
Утрово во Прилеп се случи голема трагедија. Имено, на самиот влез во Прилеп на ул.Леце Котески се случи голема трагедија помеѓу автобус со прилепски регистарски ознаки управуван од ГК (62) од Прилеп и мотоцикл без регистарски ознаки управуван од В.Б. (19) од Големо Коњари.

19 годишникот бил веднаш пренесен во прилепската градска болница, каде му било констатирано смрт. Екипа на МВР изврши увид на лице место.


















