ЈОУДГ “Наша Иднина” – Прилеп дел од Симпозиумот посветен на предизвиците за вклучување на деца со доцнење во развојот и/или попреченост во предучилишното воспитание и образование во Република Македонија
ЈОУДГ “Наша Иднина” – Прилеп зеде учество на Симпозиумот кој што беше посветен на “Предизвиците за вклучување на деца со доцнење во развојот и/или попреченост во предучилишното воспитание и образование во Република Македонија”.

На симпозиумот, ЈОУДГ “Наша Иднина” – Прилеп беше насочена кон темата “Поддршка на типични деца со проблематично однесување” при што се отворија значајни дискусии и се разменија добри практики.
Од прилепската градинка порачуваат дека веруваат во ваквите настани, кои придонесуваат кон подигнување на свеста и унапредување на инклузивните практики во предучилишното образование.


















