Јаневска: Институт кој издавал дипломи за високо образование работел во кладилница на две столчиња и два душеци
Министерката за образование Весна Јаневска, постојано работи во насока на подобрување на условите во образованието. Имено при направени контроли таа проговори за сериозни неправилности во однос на работењето на некои од високообразовните институти:
“Комисијата на МОН, кога направи проверки во еден институт беше регистриран во кладилница, задниот дел- а своите функции требаше да ги врши на две столчиња и два душеци. Има полесни примери, а ова е најбруталниот. Под називот приватен институт се обавуваат други функции, како примерот со кладилницата. Оттука, не се критериумите нешто што министерот или работната група ги измислиле” -истакна министерката.


















