Битолската болница воведе прегледи за деца со невроразличности

Сподели го ова:





























Битолската болница воведе прегледи за деца со невроразличности . Веста ја сподели и самата болница преку нивното соопштение во кое се вели:

“Ставаме КРАЈ на патувањата и неизвесноста, Клиничка Болница – Битола ги пречекува своите мали херои со врвна и посебна грижа ✅

Денес споделуваме вест која значи многу повеќе од медицинска услуга, споделуваме победа за достоинството на нашите деца и мир за нивните семејства.

• НЕМА ПОВЕЌЕ ПАТУВАЊЕ ДО СКОПЈЕ ЗА ПРЕГЛЕД НА ДЕЦАТА СО НЕВРОРАЗЛИЧНОСТИ!

Има патишта кои се премногу долги и тешки, особено кога по нив се тргнува со дете кое бара посебна грижа и внимание.

Долго време, многу наши сограѓани, беа принудени да ја бараат помошта далеку од дома.

Доаѓа крај на непроспиените ноќи и на тешкиот товар од секој километар поминат кон Скопје. Завршува времето кога нашите дечиња мораа да поминуваат низ мачни патувања кои им ја одземаа силата и кога родителите – херои со немир во срцето чекаа по туѓи ходници, само со една желба, нивното дете да ја добие потребната грижа.

Со огромно задоволство во пресрет на месецот на аутизмот, соопштуваме дека Клиничка болница – Битола склучи договор со доц. д-р Данило Нонкуловски – детски невролог, кој отсега ќе ги врши прегледите во нашата установа.

Без дополнителни трауми, без долги патувања, во сигурни раце, во својот град.

Нашите најмили, нашите ПОСЕБНИ дечиња и вие, родители ХЕРОИ, сте во нашиот фокус.

Вашата насмевка сега ќе цвета дома, во Битола!

Патот до здравјето не треба да биде мачење, туку прегратка која ве пречекува дома, во Битола.

• Отсега, секоја ваша насмевка е и наша заедничка победа – информираат од битолската градска Болница” – информираат од битолската болница.




Сподели го ова:

Слични објави