Премиерот Мицкоски соопшти дека се намалува ДДВ-то за горивата

Владата денеска напладне одржa седница на која беа донесени мерки со кои ќе се ублажи големиот ценовен скок на горивата. Премиерот истакна дека одлучиле да се намали ДДВ-то од 18% на 10%, со тоа то цената на бензинот останува целосно непроменета, а нафтата да се зголеми од 3 до 3,5 денари од литар.

Врз основа на проценките базирани на најновиот скок на светската нафтена берза, кај нас дизелот би се зголемил за околу нови 10 денари/литар, а безоловниот за околу 6 денари, меѓутоа Владата ќе интервенира со намалување на данокот со цел граѓаните да не ги почуствуваат високите цени на горивата.

















