Александра Ангелеска-Петреска e новиот советник во Советот на Општина Прилеп која доаѓа на местото од Билјана Петкоска
Денеска се одржана деветтата Седница на Советот на Општина Прилеп На денешната Седница на Советот на Општина Прилеп советниците го разгледаа извештајот од извршениот попис на финансиските средства и ситниот инвентар за 2025 година и предлогот за отпис на ненаплатливи побарувања и материјали.

Пред советниците се најде и предлог- кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за четвртиот квартал од 2025 година, како и предлог-одлуката за проширување на средства на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.
Советниците ги усвоија понудените предлог – одлуки за распишување на јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на: ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп и Јавно претпријатие за енергетски дејности „Енерго-Прилеп“ – Прилеп.
Воедно, со мнозинство гласови беа усвоени и одлуките за распишување на јавен повик за пројавување интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во управните одбори на: ЈКП „Комуналец“-Прилеп, ЈП за ПУП-Прилеп, Јавно претпријатие за енергетски дејности „Енерго-Прилеп“- Прилеп и ЈСП „Прилеп“- Прилеп и одлуката за формирање на комисии за селекција по јавениот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во управните одбори на овие јавни претпријатија.

Советниците ја усвоија предложената програма за измена и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиште за подрачјето на општина Прилеп за 2026 година, одлука за определување услови и начин на давање под закуп на недвижен имот кој се наоѓа на КП 15625/1 КО Прилеп сопственост на ЕЛС- Општина Прилеп, во постапка со електронско јавно наддавање,како и правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за еднократна парична помош.
Исто така Советот го констатираше престанокот на мандатот на Билјана Петкоска член на Советот на Општина Прилеп и го верификуваше мандатот на Александра Ангелеска-Петреска како нов член на Советот на Општина Прилеп.


















