Под менторство на проф. Мартин Наумоски, две ученички од прилепската гимназија освоија награди на регионалниот натпревар по Македонски јазик

Сподели го ова:























 

Во саботата, на 18.11.2023 се одржа регионалниот натпревар по Македонски јазик и литература во организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература. Натпреварот се одвиваше во ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп, а Гимназија „Мирче Ацев“ имаше свои претставници во две категории: натпреварувачи од втора и трета година.

   Ивана Атанасоска II-7 го освои првото место со освоени 94 поени (од вкупно 100), а Марија Јованоска од III-8 го освои второто место во својата категорија со освоени 87 поени.
   Одличниот настап на овој натпревар им овозможи учество и на Државниот натпревар по Македонски јазик и литература кој ќе се реализира во скора иднина.

   Ментор на двете ученички е професорот Мартин Наумоски.



Сподели го ова:

Слични објави