Проданоски: Бог се јави! За многу години празникот Богојавление – Водици!

Сподели го ова:





























Утрово на Водици, во раните утрински часови во прилепскиот црковен храм св. Благовештение, скоро еден час пред положувањето на крстот во светите води во црковната фонтана во “Стара црква”, кон небото беа пуштени гулабите кои го симболизираат светиот дух кој се јави во вид на гулаб.

Бог се јави! За многу години празникот Богојавление – Водици! – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

Кога се крштеваше во Јордан, Господи, на светот му се откри Света Троица: зашто гласот на Родителот сведочеше за Тебе, именувајќи Те возљубен Син. И Духот, во вид на гулаб, ја потврдуваше вистинитоста на Неговите зборови. Христе Боже, Кој се јави и светот го просветли, слава Ти.




Сподели го ова:

Слични објави