Прилепскиот “Весел театар” ја воодушеви публиката во Скопје на скопскиот плоштад
Секоја чест! “Весел театар” – Прилеп, и овој изминат викенд ги освои детските срца ширум цела Македонија. Во саботата (20.12.2025) во 12 часот, на покана на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, настапи во центарот на Скопје на големата новогодишна бина на скопскиот градски плоштад, каде со претставата “Пипи Долгиот Чорап и Дедо Мраз” ја воодушеви публиката во Скопје, која за време на претставата уживаше во театарската магија на “Весел театар” – Прилеп.

Преку ликовите од претставата, актерите директно ги вклучуваа дечињата од Скопје во сцените, ги поттикнуваа да учествуваат, да реагираат, да одговараат прашања и да носат свои одлуки во текот на претставата. На овој начин, децата стануваа активни учесници, а не само пасивни набљудувачи!!

Оваа интерактивна форма на театар им помага на децата да ги разберат своите права, вклучувајќи го и правото на учество во културни и уметнички активности, и им овозможува да се чувствуваат значајни и слушнати!! На ваков начин, претставите од “Весел Театар” ги пренесуваат суштинските пораки на нивните претстави, и креираат еден интерактивен културен простор за сите генерации. Одиграна претстава во Скопје уште повеќе ги зближи децата со актерите, поттикнувајќи ги да учат, да се забавуваат и да развиваат љубов кон театарот и културата уште од најрана возраст.
Како и секогаш каде настапува “Весел театар”- така и во Скопје, за време на самата претстава имаше расположени детски срца и уште позадоволни родители, бидејќи кога децата се среќни, родителите се уште посреќни! Весел театар- познат детски бренд благодарение на своите квалитет и креативност, годишно има над 150 настапи низ цела Македонија (театарски сали, Центри за култура, градинки, Трговски центри и молови, корпоративни забави…).
“Весел театар” не е само обичен театар како некои други, тоа е театарски тим во кој се вклучени: професионални костимографи, 4 педагошки лица кои работат при изработка на сценариото на претставите, а песните за детските музички претстави се снимаат во професионално музичко студио. Зад музичката обработка на театарските песни стои докажан музички тим: Гоце Балада и Рубин Димкоски од групата МЕМОРИЈА, докажан тандем кој во последниве години во етер има пуштено над 120 детски музички песни за фестивали, мјузикли за деца и театарски претстави.


















