Повеќе од 140 успешни и талентирани ученици денес беа наградени во Општина Прилеп

Сподели го ова:



















Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и Претседателот на Советoт на Општина  Прилеп, денес на 145 ученици од Прилеп, им доделија парични награди и пофалници за освоени места на државни и меѓународни натпревари во учебната 2022/2023 година. Комисијата за општествени дејности и правата на децата при Советот на Општина Прилеп за прв пат донесе правилник за наградување на успешни, талентирани/надарени ученици. Ваквата одлука ја имплементираше Советот на Општина Прилеп со цел поголема едукативна мотивација за  когнитивен развој и за поттик на учениците за натпреварување и стекнување на нови искуства и вештини.





„Ова е еден нов чекор за стимулирање на талентирани и надарени ученици во Општина Прилеп“, истакна пред присутните градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и укажа на важноста од едукацијата и мотивирањето на учениците да вложуваат во својата наобразба.

„Денеска со градоначалникот го имавме најпозитивниот настан кој  можеби ќе ја одбележи 2023-та година“ – рече Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

„Согласно Правилникот за доделување награди на талентирани и надарени ученици кој првпат го спроведовме, на 143 наградени ученици кои учествувале на  државни и меѓународни натпревари, и освоиле, прво, второ и трето место, им доделивме награди, согласно местата кои што ги освоиле. Ова е еден нов чекор, во она што сите го имаме како проблем во општество, за задржување на нашите млади.  Можеби ова е само еден минимален стимул кој што го издвојуваме од Буџетот на Општина Прилеп, но верувам дека е значаен и дека ќе ги поттикне младите луѓе да имаат некаква обврска кон Општина Прилеп  која што ги образува и им нуди квалитетни образовни услови, во иднина да  останат и своето стекнато знаење да го имплементираат нашата заедница.

Согласно буџетот кој што го предвидовме за оваа година планиравме  половина милион денари и сметавме дека бројката на наградени ученице ќе ја заокружиме на помалку од 100 деца. Но, за моја среќа,(се надевам дека нема да биде земено за зло,  го надминавме тој буџет)  и добивме 143 до 145 ученици, затоа што слушнавме, сега, од директорите, особено на едно средно училиште, дека деца од Олимпијада, од високо научен натпревар, се вратиле со награди. Верувајте дека како локална самоуправа нема да штедиме на вакви средства, односно нашата цел е да ги стимулираме децата, да останат во нашата заедница и да придонесуваат во развојот на Општина Прилеп.“- рече Проданоски

Ученици кои освоиле прво (I), второ (II )  и врето место  (III ) на акредитирани државни натпревари во учебната 2022/2023 година, на овој свечен чин добија награди од 7 илијади  денари, 6 илијади  денари и 5 илијади   денари, додека за освоени места на меѓународните натпревари, прва награда е 9 илијади денари, втората 8 илјади и трета награда  изнесува  7, 5 илјади денари.

Ваквото наградување, со утврдување на критериумите за наградување,  општината го спорведува  за прв пат оваа година,  со цел да послужи како мотивација на учениците,  а  во иднина, Советот на Општина Прилеп, планира да изработи правилник и за наградување на најдобрите наставници и дополнително нивно стимулирање,  за тие во рамките на наставните програми, со нивната креативност, да  вклучуваат се’ повеќе деца да учестуваат на акредитирани натпревари.



Сподели го ова:

Слични објави