Мицкоски: За мене Македонија е свето име

Сподели го ова:































Премиерот Мицкоски, на новинарско прашање за реакциите од Грција за неговата изјава за употреба на името на нашата земја, истакна дека за него името Македонија е свето име и  оти има слободно право на говор да си кажува како што мисли.

Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам… Имаме седница на Влада во вторник. Помина на Влада пред да се испрати во Венецијанската комисија, ако треба повторно ќе помине  и ќе го испратиме во Собранието, потенцираше премиерот Мицкоски на новинарско прашање.

 




Сподели го ова:

Слични објави