KK “Мега Баскет” – Прилеп лавовски се бори за кошарката во Прилеп и претставување на градот во вистинско спортско светло
Прилепскиот кошаркарски клуб Мега Баскет, оваа година благодарение на својот голем спортски потенцијал, лавовски се бори за пласман помеѓу најдобрите екипи во нашата земја, а веќе речиси половина месец КК Мега Баскет ја започна новата сезона во Првата кошаркарска лига. КК Мега Баскет и во оваа нова сезона е поддржан од нивните верни пријатели: “Бим Фоод”, “Прилепска Пивара”, “Матадор” и “Гурмано”. Ве покануваме да ги подрите нашите прилепски кошаркари на терен, кои само за прилепчани играат и лавоски се борат кон освојување на нови успеси.
Имено одиграни се веќе мечевите од 3-тата рунда на Првата кошаркарска лига на Македонија А-група, при што од 6-те тима што настапија само Мега баскет од Прилеп успеа да постигне над 100 поени, при што сосема логично е нивното прво место на табелата.



















