Битола продолжува да сјае -секој тоа го знае!Прифатен грант од еден милион евра од ЕИБ
Советот на Општина Битола го прифати грантот од Европската инвестициска банка во вредност од еден милион евра, кој речиси една година беше закочен од претходните советниците на СДСМ и Поинаку кои тогаш имаа мнозинство.

“Сега јавната набавка ќе биде распишана од страна на министерството, ќе изберат изведувач и ќе започне реконструкцијата во наредната градежна сезона, бидејќи оваа е при крај“ – истакна претседателот на Советот на општина Битола – Бојан Бојкоски.
Средствата од грантот се прифатени на вонредна седница, а ќе бидат наменети за реконструкција на водоводни мрежи на седум локации во Општина Битола, од кои пет се во градското подрачје, а две во руралните средини.
















