Возел како луд! Битолчанец со 104 км/час возел низ Новаци – за среќа не повредил никого

Сподели го ова:





























На 06.09.2025 во 19:00 часот, на ул. „Новачки пат” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Џ.(34) од Битола.

При радарска контрола, било констатирано дека А.Џ. управувал патничко возило „алфа” со битолски регистарски ознаки, со брзина од 104 километри на час во населено место, каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час. 
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави