ЕМОТИВНА ИСПОВЕД: Син ми се превртуваше во гробот, додека “овие” славеа РАМКОВЕН

Сподели го ова:


























Зошто, зошто се прави прослава за нешто што нашата држава ја однесе многу назад….Зошто?? Обично се прави прослава кога има за сите радост, а не за едни радост- а за други тага! Не се прави прослава на договор кој што значеше победа на оние кои го убија моето дете, дете кое се бореше за Македонија, за нашата Македонија! Моето дете се превртуваше во гроб, додека “оние” пред некој ден на плоштадот Скендербег во Скопје славеа и пееа. Колку за да знаат “тие”, мојот син беше убиен само неполн месец пред потпишувањето на тој договор, а мојот син се бореше за Македонија, а не за потпишување на ТАКОВ ДОГОВОР, бидејќи ако во план беше да се потпиши договорот, тогаш зошто се бореа нашите деца и зошто гинеа по планините, патиштата, полињата и нивите. (ТЕКСТОТ ОД ОВАА ОБЈАВА, ПРОДОЛЖУВА ВЕДНАШ ПОСЛЕ ФОТОГРАФИЈАТА КОЈА СЛЕДИ ВО ПРИЛОГ)

Искрено, криво ми е што на прославата по повод Рамковниот договор кога водителката на истата таа прослава прозборе и на македонски јазик, оддеднаш од страна на албанската публика се слушнаа свирежи и навредливи зборови, и пази- се заради нашиот македонски јазик, јазикот на кој што најверојатно син ми ги има изговорено последните зборови од неговиот живот кога ја има испуштано неговата душа…

Можеби токму преку тој наш македонски јазик ги има изговорено последните зборови “мајко, мајко” -барајќи ме мене во густиот чад кој мирисаше на барут и пепел, пепел која и до ден денес гори, жари и пали во моево срце и ја рагорува душава, повторно пак и пак, и ми создава нова болка која не згаснува, болка која ќе постои ЗАСЕКОГАШ!

НАПОМЕНА: ТЕКСТОТ Е ПРАВОПИСНО СРЕДЕН И ЛИТЕРАТУРНО КОРЕГИРАН ОД СТРАНА НА ИНФОРМАТИВНИОТ ТИМ НА STANICA.MK СО ДОЗВОЛА ОД ЛИЦЕТО КОЕ НИ ГО ИСПРАТИ ТЕКСТОТ МИНАТАТА 2023 ГОДИНА, МЕЃУТОА ИСТИОТ ТЕКСТ ЦЕЛОСНО ЈА ОТСЛИКУВА ПОРАКАТА КОЈА ШТО ЛИЦЕТО (КОЕ САКАШЕ ДА ОСТАНЕ АНОНИМНО) ЈА ИСПРАТИ ДО НАШИОТ ИНФОРМАТИВЕН ПОРТАЛ.




Сподели го ова:

Слични објави