Во Прилеп, Јавниот градски превоз ќе биде целосно бесплатен за сите прилепчани во четврток на 18.09.2025

Сподели го ова:





























Општина Прилеп се приклучи кон ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ, водечката кампања за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност. По тој повод, во четврток, 18.09.2025, автобусите од градскиот превоз ќе возат бесплатно цел ден, а на патниците што ќе го користат јавниот превоз ќе им се делат флаери со претходно подготвена содржина на која ќе биде објаснето кои се предностите од користењето на јавен превоз во споредба со користењето на автомобили.

Флаерите ќе ги делат учениците од сообраќајната паралелка при СОУ Ристе Ристески Ричко, кои преку целиот ден ќе бидат присутни во автобусите облечени во брендирани маички.




Сподели го ова:

Слични објави