Прилепчанецот Владимир Ѓорѓиески на чекор до “златото” на Европското првенство во билјард
Прилепчанецот Владимир Ѓорѓиески денеска во Подчетрек/Словенија ќе го игра полуфиналниот меч на Европското првенство во билјард. Ѓоргиески, е во конкуренција “СПОРТИСТИ со хендикеп”.
По тој повод, денеска во 16:00 часот Tabana Coffee & Billiard, за сите поддржувачи на Владимир ќе има организирано следење на мечот. Колку за потсетување, Владимир е дел од Македонската билијард репрезентација кое на ова првенство е под водство на селекторот Горан Ѓурчиновски.
